сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Летното засилување на Баерн Минхн се здоби со тешка повреда

Летното засилување на Баерн Минхн се здоби со тешка повреда

Рафаел Гереиро 29-годишниот лев бек кој штотуку пристигна од Борусија Дортмунд како слободен играч, се повреди во саботата наутро. Гереиро го пропушта патувањето на Баерн во Азија, но и почетокот на сезоната.

Португалскиот репрезентативец одработи само неколку тренинзи со Баерн, а тој беше доведен на „Алијанц Арена“ да ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција, со тоа што Гереиро може да игра поофанзивно и во средниот ред доколку е потребно.

Баерн во петокот објави дека миленикот на навивачите Томас Милер  голманот Мануел Нојер исто така нема да бидат со екипата.