Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Марсел Сабицер се сели во Борусија Дортмунд. Веста е потврдена од повеќе извори и се чека само официјалното преставување од страна на „милионерите“.
Трансферот ќе ја чини Борусија Дортмунд 19 милиони евра со бонуси. 29-годишниот Австриец ќе потпише договор оваа недела доколку успешно помине на лекарските прегледи.
Сабицер минатата сезона играше за Манчестер Јунајтед како позајмен од Баерн.