недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Полнети пржени кришки за кои вреди да се потрудите!

Полнети пржени кришки за кои вреди да се потрудите!

Состојки:

4 парчиња тост леб
4 парчиња шунка
4 парчиња сирење за сендвичи
2 јајца
1 лажица млеко
1 лажица рендан пармезан
1 лажица мајонез
½ лажичка оригано
2 лажици масло

Подготовка:

Соединете мајонез со оригано и премачкајте го врз лебот. Ставете две кришки шунка и сирење и покријте со уште едно парче леб. Повторете со останатите сендвичи. Ако се големи парчиња, исечете ги дијагонално за да добиете два помали триаголни сендвичи. Изматете ги јајцата, додадете сол, млеко и пармезан. Сендвичите валкајте ги во смесата со јајца, па пржете ги на врело масло додека не добијат кафена боја од двете страни.