понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација по втор пат во два дена поразена од Полска

Македонската кошаркарска репрезентација по втор пат во два дена поразена од Полска

Македонската и полската кошаркарска репрезентација одиграа уште еден контролен меч во Белград. И денешниот, како и вчерашниот го доби Полска.

На втората контролна средба одиграна во СЦ „Ранко Жеравица“, Полска победи со 84:52, по одличната втора четвртина која ја реши во своја корист со 30:19.

Македонскиот селектор Александар Јончевски одлучи на оваа втора проверка во Белград да ја намали минутажата на носителите на играта. Капитенот Војдан Стојановски одигра нешто повеќе од девет минути, Ненад Димитријевиќ нецели шест.

Веднаш по натпреварот македонските кошаркари се враќаат за Скопје, каде ќе тренираат до 10 август за кога е предвидено заминувањето за Талин, каде ќе бидат дел од претквалификацискиот турнир за олимписките Игри во Париз.