сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Медиуми: Баерн не се откажува од Кејн

Медиуми: Баерн не се откажува од Кејн

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен нема да се откаже од намерата да ги засили своите редови со напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, и покрај тоа што англискиот клуб ја одби и најновата понуда од бундеслигашот, јавија денеска светските медиуми.

Скај Германија јави дека трансферот на англискиот репрезентативец останува приоритет на Баерн, иако договор меѓу двата клуба не е на повидок и како што стојат работите Кејн, најверојатно, ќе остане во Тотенхем.

Барањето на Кејн е преговорите за негова евентуална преселба во Минхен да завршат до крајот на оваа недела, пред воведниот дуел на Тотенхем во новата премиерлигашка сезона против Брадфорд.

Претходно Скај Спорт јави дека Кејн е задоволен од односот кој го има со новиот тренер Ангелос Постекоглу.