недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг: Се беше против нас

Тен Хаг: Се беше против нас

Англиски Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Арсенал до 3-1 во дерби пресметката која се одигра на „Емирејтс“.

Дуелот во Лондон беше многу интересен особено самата завршница во која на гостите им беше поништен гол поради офсајд за да потоа длабоко во судиското продолжение Рајс и Жезус стрелаат за домаќините за големите три бода.

„Топчиите“ секако беа презадоволни со конечниот исход, додека пак „црвените ѓаволи“ сметаат дека се оштетени и тренерот Ерик Тен Хаг наведе неколку ситуации.

-Мислев дека одигравме многу добар натпревар, но се беше против нас. Не беше офсајд [за Гарначо]. Тоа беше погрешен агол. Беше пенал за Хојлунд, а потоа примивме гол што е прекршок врз Џони Еванс – јасно и очигледно, -порача Холанѓанецот.