Официјално Сакраменто Кингс објави дека се засилува со трикратниот НБА шампион, Џавал МекГи.
Високиот кошаркар пристигна кај „кралевите“ и ќе добие загарантиран минимален ветерански договор.
Информацијата ја потврди и новинарот Адриен Војнаровски, а ротацијата на Сакраменто станува уште посериозна за следната сезона.
Прв центар во тимот ќе биде Литванецот Домантас Сабонис, но и МекГи ќе има своја значителна улога. Тимот од Калифорнија за оваа позиција ги има на располагање уште Алекс Лен, Нерлес Ноел и Немиас Кета, кои исто така ќе бидат во конкуренција за настап.