вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девет годишно момче повредено во сообраќајка во тетовско, задржано во болница

Девет годишно момче повредено во сообраќајка во тетовско, задржано во болница
фото илустрација

Девете годишно дете е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на локалниот пат село Групчин-село Ларце, а во која учествувале патничко возило ,,Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (64) од село Ларце и патничко возило ,,Мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ. (28) од село Желино.

Во незгодата со повреди се здобило девет годишно дете од село Ларце -сопатникот од возилото „Форд Фокус“.

Со друго возило момчето било пренесено во Клиничка болница Тетово и по укажаната лекарска помош било задржано на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.