вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка во Сопиште: Прегазен маж со тешки повреди пренесен во болница

Сообраќајка во Сопиште: Прегазен маж со тешки повреди пренесен во болница

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта во скопско Сопиште.

Од МВР информираат дека патничко возило „Југо Корал“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н. (25) од Скопје, удрило во пешакот С.С. (31) од Скопје.

-Од ударот С.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. По укажаната лекарска тој бил задржан на понатамошно лекување, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипша од СВР Скопје.