вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола по „хет-трикот“ на Агуеро: Не сум го видел да игра на овој начин

Гвардиола по „хет-трикот“ на Агуеро: Не сум го видел да игра на овој начин

Менаџерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, го пофали напаѓачот Серхио Агуеро, кој реализираше три гола за победата на шампионите со 6:1 дома против Хадерсфилд во дуел од втората рунда во Премиер лигата.

– Не сум го видел да игра на тој начин по моето доаѓање тука. Тој е во неверојатна форма по неговото враќање од одмор и по завршувањето на светскиот шампионат. Играше одлично со и без топка. Пасовите му се добри, но неговиот завршен удар е исклучителен. Интеракцијата помеѓу Серхио Агуеро и Габриел Жезус беше неверојатна. Решивме да играме со двајца напаѓачи, но не знам дали ќе биде така и во иднина, рече Гвардиола по денешниот успех на „небесносините“.

Манчестер Сити има вкупно шест поени по два круга по денешната победа против „териерите“.