среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четири годишно девојче тешко повредено откако автомобил удрил во неа

Четири годишно девојче тешко повредено откако автомобил удрил во неа

Сообраќајна несреќа во која дете се здобило со тешки повреди се случила вчера околи 22.15 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје.

-Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.  По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.