Патничко возило „Форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(41) од Кавадарци удрило во пешакот Р.П.(71) од Кавадарци.
Несреќата се случила во 9:30 часот на улицата „Партизанска“ во Кавадарци.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесна повреда и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.