петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Почина поранешниот југословенски боксер Бенеш

Почина поранешниот југословенски боксер Бенеш

Легендарниот боксер и поранешен југословенски репрезентативец Маријан Бенеш почина денес во Бања Лука на 67 години.

Бенеш, роден во Белград за Југославија имаше 272 победи во кариерата, покрај 16 порази и 11 нерешени меча и заедно со Мате Парлов се сметаат за најдобри југословенски боксери на сите времиња.

На Европскиот боксерски шампионат во Белград во 1973 година, ја освои шампионската титула во лесна категорија. Истата година тој беше прогласен за најдобар спортист, а шест години подоцна и како професионалец, тој ја освои европската титула во Европската боксерска унија (ЕБУ).

Бенеш се повлече од боксот во 1983 година, по што имаше само два ревијални меча.

Беше член на Боксерскиот клуб Славија од Бања Лука.