четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

6 години киднапирана Македонија

6 години киднапирана Македонија

Денеска минуваат точно 6 години од настанот кој го означи обидот за убиство на Македонија. Шест црни лета од 27-ми април 2017-та, денот во кој Заевци и бандата успешно го одиграа сроченото им сценарио. Боливудско, приглупо и неинвентивно, ама ефектно поради поддршката и улогата на Деус екс макината…

Инфантилно сценарио, создадено според перформансот и микро-капацитетот на актерите. Реално, не ни можеа да одглумат и одиграат нешто повеќе, толку им сечеше и се’ уште толку им сече на палјачовците. А мора да се признае, играа со елан. Со душа и срце не. Ги немаат. Првото го продадоа, а второто подразбира храброст…

Сценариото подобно за Златна малинка претпочиташе јавен пуч во собранието, пеење албанска химна во истото и гласање влада со две раце и со саде 59 суртуци збрани. Целата финта на недоветните предавници и сценаристи беше ова да „удри“ по чувството за правда и македонштина на илјадниците собрани надвор, народ свесен дека некој така идиотски и јасно им ја одзема и краде Македонија. Ништо не беше случајно.

И успејаа во намерата антимакедонска, народот револтиран од аздисот и газењето на Македонија, Уставот и законодавниот дом, влезе во парламентот. Сето тоа фингирано со пукање на заслужниот нов директор, патетичните демек раскрвавени фацулиња на лидерот и сатрап на државата, трогателни бурлески и ступидни изјави, сето тоа дел од најбезобразниот и најмизерен пуч во историјата на човештвото. Смислена драма која резултираше со амбасадорски жалопојќи, поддршка и местење на владата која имаше една употребна цел и заради која и се случи овој антимакедонски пуч. Да се смени исконското име на државата. Знаевме и тогаш, сега многу подобро, се’ беше против МАКЕДОНИЈА. Јасно како ден, но пресуди улогата на „меџународна“ на која и пречеше независна македонска влада, игра стокмена во комбинација со сеалбанската роља на ДУИ и секако, да не ги заборавиме никогаш, домашните одроди и марионети внесени во ликот и делото на Муртинхаузен, СДСССССС и колиционите кондоми околу нив.

И изминаа најлошите ШЕСТ години во историјата на Македонија. Посведочивме национален, економски, здравствен, судски, образовен и земјоделски погром. Катастрофа и временска непогода на секое можно поле.

Се’ почна со инстант-потпушувачкиот Договор за НЕпријателство, чиј стап најсилно го јадеме денеска, продолжи со непотребната и забегана двојазичност, следуваше квислиншката Преспанска капитуалција, па игнорираниот Референдум и затворањето на освестените браќа од 27-ми април. Македончишта чија судбина стана показна вежба на северџганистанците „Што ќе ти се случи ако си против северна“.

И така до ден-денес, заклучно со дебаклот на локалните на кои им претходеа наместените и лажирани „падни-стани систем“ парламентарни избори во 2020-та, СЈО фингерајките на Катица, Кацарска и Русковска, па пензионирањето на грчка плажа на хохштаплерот Црпко Први и местењето на анонимниот испорачувач Црпко Втори алијас Ќуран, бизнисите на фамилија Груби, инвазијата на администрацијата од партиите на власт, идиотизмите во и со короната, та сервилни Француско-бугарски предлози, нови капитулации, најнови обвинети кабли, повиновни шофери и секогаш недопирливите комуњари и интегративци со преполни џебови и празни глави.

Признајте, мислевте, сите мислевме дека  не може да биде полошо. И признаваме дека Тачевци и Артановци секогаш не демантираа. Еве како и крајот мириса. Мириса на Бехтел и Енка. Нормално, затоа што крајот делото го краси. Ќе не заглават преку гуша и ќе траснат од власт. Го знаеме и тоа.

Ама, барем да нема „меко атерирање“ и да има ОДГОВОРНОСТ. Се истрпевме, ќе дотрпиме уште малку, ама без тој збор од 11 букви ништо не бива.

Половина од водачите на погромот веќе се во затвор или на пат кон него. Крадеа ко улави, ги стигна/стигнува заслуженото. А, останатите бандити?

Раката на правдата можеби е спора, ама долга. Без тоа ништо и нема смисла. И не ги мешајте правдата и правото. Правдата е идеал, а правото само нејзина алатка. Мора да има правда, казна за злосторот. Казната е правда за онеправданите. Помирување, мир и спокој не може да има и нема да има без правда.

Заради македонштината, поради сите зулуми и продажби на националните светии, за историјата, заради затворените браќа, за иднината.

Заради МАКЕДОНИЈА!