Нов ден, нов северен резил. Таче меѓу серија „замрзнувања“ во Веро, брише ли брише. Ване се освести, Дунавка во жалост. Груби игра ли игра фудбалче, директор на железници стана келнер, а зелените дуевци и уште позелени во умот есдесовци сфаќаат дека се насанкаа со желбата за хрватски устав.
Ок, знаеме дека оваа банда собрана на „Илинденска“ бр.2 веќе одамна не е ни влада, туку само збир на антимакедонски помагала, човеколики алатки кои сесрдно помагаат во бришењето на колективната меморија на Македонецот и создавање на некоја измислена северизирана направија. Бришачи на меморија, исто ко што престолонаследникот Таче експресно го избриша видеото со безусловна поддршка на лузерот Мило Ѓукановиќ. Истиот оној Мило кај кој Ќуран така случајно добил докторска титула, тогаш како „малиот“ на амбасадорот Таче (оригиналот), во време кога татко му ја претставувал Македонија во Црна Гора…
И така, од резил за поддршка, но и од пуста навика стекната со континуираното бришење македонски национални одередници, Бришачот Таче (неоригиналот) ја избриша поддршката кон милиот му Мило. Таксират или саде лоша „пиши-бриши“ навика на довчерашниот анонимус црпнат од министерството за финансии со задача да доизбрише еден напатен народ.
Веројатно, улогата на бришач на сопствената нација на некој друг и би му пречела, но не и на човечето кое ја продолжи мисијата на Муртинхаузен, хохштаплер за кој, до појавувањето на Ќуран, мислевме дека е најбезбразното нешто што може да се испили на овие простори. Арно, ама, не било така. Можело и полошо, докажа бришачот Таче.
Премиер кој во популистички евтин наплив половина мандат мина во Веро пипкајќи леб и јајца, за да последниве денови го спречуваат да не пипка и женски влошки. Пак, по пуста навика. А на новокомпонираните владејачи во Македонија се’ мора да им се нацрта, за да не ја утнат пустите. Замислете ја само обуката на недоветните во владините подруми или на Бихаќка.
Она што државата го сведочи по маркетите е вториот талент на Таче. Таче Замрзнувачот, колку тоа гордо и државнички звучи, а? Замрзни ова, замрзни она, пипни ова, пипни она, малку хи-хи-ха-ха со Бектеши, па муабетче со некоја наместена баба активистка, па упс – ќе ти се погоди и некоја тетка што не е од „твоите“, а шансите се многу големи, нели?
И додека Таче ги замрзнуваше цените на се’ и сешто, на продукти кои да беше вистински премиер не ни смееја толку да се качат до небо, повторно провеја чувството на веќе видено. Дежа ви, по којзае кој пат. Не случајно…
Епа, дотичниот замрзнувач е само наследник на комуњарската ергела „лева рука – десни џеб“ политиканти и замрзнувачи заради кои Македонија минативе три децении е замрзната, ѓоамити во длабоко. И додека сите околу нас одат напред и ги развиваат своите држави, саде ние така „замрзнати“ стоиме во место, левитираме, тапкаме, а одвреме-навреме и се враќаме назад. Ендемска лимбо ситуација во која ние така уникатно стоиме заглавени/замрзнати во времето.
Ако не верувате во моќта на есдесовското замрзнување, само сетете се на мизеријата на Албанија пред 10-15 години, елементарната непогода во Бугарија до пред 15-20-на години кога на одмор со една просечна плата минувате како богови, па и на Вучиќ и неговиот идол. Тие сите отидоа многу напред, ние се вративме назад. Сето благодарение на замрзнувачките афинитети на бедотијата од политичари, кои за сметка на своите кариери и џебови ја жртвуваа и ден-денес ја жртвуваат Македонија.
И додека насила посадениот премиер кој никогаш и не требаше тоа да биде, бришеше постови за кои великодушно плаќа по 26 илјади евра месечно, еден друг довчерашен пајташ и функционер на Заев сфати дека бил Бугарин.
Фатен со 75 илјади евра криминал, Ване пребега во Бугарија и соопшти дека е репресиран Бугарин. Не дека украл 75 илјади евра, неееее, веројатно насила му ги ставиле во џеб за да го прикажат во лошо светло. Реално, треба да му испратиме благодарница што призна дека не е Македонец, големо олеснување. Поголем срам и резил од него како претставник на која и да е нација немало и нема да има. А не’ чини „само“ 75 илјади евра.
Ве тера искрено да се запрашате, колку евра/долари/рубљи/јуани/фунти да им дадеме на актуелниве властодршци, да собереме сите, колку ќе не чини за да им ги наполниме џебовите за да пребегаат и тие, „сфаќајќи“ дека не се Македонци?
Колку и да чини, мислам дека се исплати.
Кога ќе размислат пак тие, подобро тоа да го сторат сега, од позиција на властодршци. Наскоро доаѓаат избори, бегање нема. А кога ќе траснат од власт, следува одговорност. Без неа, ништо нема поента. Бадијала сите Кацарски, Абазовци, Јовевци и останати судско-обвинителски апаратчици.
Направете ни услуга, аман, полнете ненаситните душички и џебови, „сфатете“ кои сте и фатете џенем. Оти, и онака, Македонци, дефинитивно не сте…