недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Цепките на Еди Д’Рама и Таче Западнобугарски

Западнобугарскиот престолонаследник Таче е непобитниот, видлив од авион „корпус деликти“ дека не можеме и никогаш нема да ја разбереме состојбата на умот на идолопоклониците на Заевци. Оние истите кои сега од петни жили го перат и правдаат „хумористичниот“ лидер дека ова било на сметка на Бугарија, цццц. Она, кога мислите дека по Заев не може да се оди подолу. А есдеесовскиот „оптимист“ и престолонаследник инстант ве демантира и вели: МОЖЕ, МОЖЕ!
Цепките на Еди Д’Рама и Таче Западнобугарски

Тој ги „качи“, а можеби истиот ќе помогне и да ги „симнеме“. Ако си спомнувате, токму вицкастиот Еди Рама, кој постојано прави некаква драма, е ликот кој со многу елан учествуваше во востоличувањето на муртинскиот монарх на македонскиот трон. Драматургот кој заедно со Сорос и армијата македонски сороспии ја измисли „непостоечката“ Тиранска платформа (која во меѓувреме се исполни 90%), си најдоа еден суртук во ликот и неделото на Црпко и ја уништија Македонија каква што ја знаеме.

Е, сега, истиот тој Д’Рама направи мајмун од престолонаследникот на Муртинхаузен. Добро, гарант ни тој не очекувал дека толку ќе го „згази“од смеење. А, ако некој воопшто и се сомневаше дека има нешто чудно и недоделкано во Таче, по „смешката“ на Еди таков веќе  не постои. Како поинаку од недоветност да опишете прв човек на една држава кој кога колегата од Албанија го нарекува „ИДЕН ПРЕМИЕР НА ЗАПАДНА БУГАРИЈА“ заоѓа и со солзи изнасилено се дави од смеење со воодушевена фацка небаре ја слушнал најдобрата шега во животот, а таа на сметка на неговата држава и народ?! Понижувачки „цепки“. Македонија тонеше во срам, а Ковачевски се загрцнуваше од смеење…

Фалеше уште театрално да трасне долу на грб и церекајќи се да мафта и тропа со ножињата и рачињата по подот. Така бурлеската барем би била целосна, со сите нишани. Бидејќи и онака, ова нивно владеење не е ништо повеќе од една трагикомична бурлеска. Комична за северџаните и повеќе од трагична за Македонците. Класика…

Се прашувавте дали сме исти? Еве уште еден доказ. Западнобугарскиот престолонаследник Таче е непобитниот, видлив од авион „корпус деликти“ дека не можеме и никогаш нема да ја разбереме состојбата на умот на идолопоклониците на Заевци. Оние истите кои сега од петни жили го перат и правдаат „хумористичниот“ лидер дека ова било на сметка на Бугарија, цццц. Она, кога мислите дека по Заев не може да се оди подолу. А есдеесовскиот „оптимист“ и престолонаследник инстант ве демантира и вели: МОЖЕ, МОЖЕ!

И видовме дека може, мнооогу подолу. Најдолу. Всушност, континуитет на срамот кој ЗЗ ни го нанесе  во интервјуто за БГНЕС, па во интервјуата за грчките медиуми, впрочем со секоја негова црпната појава и изјава. Да, ако се прашувавте зошто и од каде Зоче го црпна Таче за премиер и преЦедник на СДССССС, сега веројатно ви е многу појасно.

Се разјасни уште една дилема, смеењето објасни зошто кумановци на прекар „го викаф“ Ќуран…

„Интересна“ и очекувана беше и реакцијата на бељаџијата Еди, кој се фрапирал од одност кон недоделканиот ни премиер. Затоа, предлагам следниот пат, Таче нека го претстави вицкастиот Д’Рама по неговиот терк како премиер, не на АЛбанија, туку на некоја си  „идна Југо-западна Србија“, па да видиме дали истиот пак “нема да знае дали да плаче или да се смее” ко што вели за реакциите во Македонија. И Еди на тој прием, каде и да е, нека се изнасмее до солзи недоветно ко Таче, а после нека се чуди зошто го ругаат и се срамат Албанците од него. Ајде, да видиме така…

И уште нешто, ако очекувате Ковачевски да се засрами или извини за недоличното церекање пред Шолц и компанија, сте се зезнале, ама многу. Дел од фотороботот за ес-де-ес лидер е недостигот на срам, чест и достоинство. Особено кога се работи за Македонија. Иако првиот „недостиг“ според Фројд е и првиот симптом за нечија ступидност.

Не се грижат ни за Македонија, ни за Македонците, за историјата, за македонштината, за достоинството, абер немале од и за економија, здравство, образование. Единствено, ги загрижувало паѓање од власт. Тоа им бил кошмарот од кој нон-стоп се буделе облеани во пот.

Реално, иако несакајќи, Еди Д’Рама со забеганата шега само јавно кажа нешто што сите го знаевме. Ковачевски дефинитивно не е македонски премиер, никој нити го гласал нити народ го избрал. Затоа, ајде, да го вратиме Таче онаму каде што припаѓа. Имагинарен премиер на имагинарна, северна држава.

Епа, ајде на 18-ти јуни да им ја покажеме вратата, превентивно, пред Таче, освен „хумористичноста“,  да истресе уште некое чудо од ракавот и да ни покаже уште некој „талент“. Не се сомневаме дака ги има, дузина. Ајде, да направиме нешто за да не ги му дознаеме талентите.

Заради Македонија…