недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Девојката која не знаеше да каже НЕ

Девојката која не знаеше да каже НЕ

„Две чрвени“ е синоним за едно време, децениски долг период поради кој денеска, ни крви ни должни, Бугарите „ни враќаат.“ Небаре, ние сме виновни за нивната катастрофална економска ситуација низ десетлетијата кои тие ги минаа во Варшавскиот пакт. Време кога за нив бевме она што географски и менталитетски сме – ЗАПАД.

Основата на новокомпонираната омраза кон Македонија е материјализирана во фразата „две чрвени“, екс Ју банкноти со кои можевте да купите бугарска куртизана, дама на ноќта од софиските улички на црвените фенери, армија несреќници која ја произведе катастрофалната економска состојба во матичната им земја. Констелација и клета сиромаштија, за што и во кои Македонија немаше никаков удел, ниту вина. Арно ама, сегашните бугарски политичари генерациски се оние кои растеа со таа нивна тажна вистина за Македонецот од соседната СФРЈ кој можеше да дојде во нивната земја и, па макар бил и обичен работник, да мине како некакво височество во бугарските кафеани, Цумови и ред други работи…

И таа прикаска, беше таква не до пред еден век, туку до крајот на првата деценија од почетокот на третиот милениум од н.е., некаде до 2008 или 2010-та, кога се’ уште со една македонска плата можевме да си поминеме фантастично кај источниот сосед. И тогаш, влезот во ЕУ им означи кураж, дотур на пари и инстант-расселување на една четвртина Бугари во ЕУ, што значеше и зголемување на цената на работната сила дома. И така, Бугарите со малку повеќе паричка, не многу повеќе од Македонецот, се искурназија, ама комплексите од минатиот половина век останаа да болат, да жегаат и печат.

Кога, пак, се потсетија на минатото, кое го немаа или беше грдо, си ја крадеа македонската историја, кога сфаќаа дека немат убави песни, ги преземаа македонските, кога ќе им текнеше дека секогаш биле на погрешната страна на историјата, уште повеќе и со две раце и ненаситно ја крадеа нашата. И градеа митови, фалсификуваа, лажеа, клесаа букви на камени розети, допишуваа реченици на стари записи (со нови, тогаш непостоечки термини), си присвојуваа цареви, светци, револуционери кои ги плукале до смрт, си го полнеа општеството и највисоките функции со чисти Македонци за да ги асимилираат другите, корнеа, муљаа и брусеа. Непребол бугарски.  И сето тоа си тлееше, си чадеше пустиот непребол, а тие си чекаа шанса да ни вратат за нивните комплекси за кои ние никогаш и не сме биле виновни…

И ја дочекаа. Шансата имаше име и презиме. Се викаше Зоран, првиот од многуте одроди кои ќе го трасираат патот на бугарската одмазда, предавникот нумеро уно чии гавази први со брусалка го избришаа „бугарски фашистички“ од куршумот кој го пронижа струмичкиот херој Благој Јанков Мучето. Сето ова во 2013-та година, време кога уште не ни беше на власт. Да, виновни беа и Грујо и компанија што уште веднаш не го затворија и фрлија клучот, ама грешки имаше многу. Е, тој Заев беше првиот лик маскиран во Македонец кој го купија за „две чрвени“ и слобода, а останатата плејада криминогени предавници едноставно се мултициплираше и изнедри од неговата појава и лезетот/амнестијата од сенката на странскиот чадор. Армија двочрвенски суртуци кои сфатија дека со продажбата на идентитетските одредници и светии ќе станат функционери, пратеници, министри, директорчиња. Она што според своите квалитети никогаш не требало и не смееле да бидат…

И така, бандата тогаш само комуњари и потенцијални идни северџани, разбра дека патот кон успехот е многу лесен. Само слушај си што ќе ти кажат и изврши, продај си ги народот и татковината, извртувај, агресивно напаѓај, арогантно и ступидно држи се ко слеп за стап за идиотската и напишана од друг приказна, гини за идиотските  сценарија и… И светот е твој, си успејал во животот. Барем, според  мерилата на бандитите од Бихаќка.

Армијата бадијалџии и неработници, сите со IQ33, го навасааа и облетаа Црпко, па му се фрлија во прегратка и под нозе разно разни Димитровци, Филипчиња, Рашковци, му целиваа раце неписмени Катици, Дончевци, Мухиевци, Бокиња, Димовки, Шилеговци и друга лукративно-опортунистичка болумента, чета маргиналци кои видоа шанса да си ги остварат сништата… Ок, дел завршија пред суд, дел и со микро казни, ама сонот им се оствари, беа главни, беа министри, обвиниели, секретари, градоначалници. Кој од кој поголем штетник за државата…

И на крај, кога никој не сакаше да биде суртукот кој ќе ја доврши работата со Бугарите, оној кој ќе треба да уринира врз гробовите на нашите дедовци и предци, човечето кое ќе треба да ја дозакопа Македонија, сервилно да ја промени историјата, да ги бугаризира учебниците, да ги круниса спомениците со нови идиотски плочки, безрбетно да донесе милениумски срам и арам, резил до бескрај, се појави најлесната и најевтина девојка, цуца која никогаш, ни на сон, не рекла и не ни планирала некому да рече НЕ, еден и единствен  „ПРЕМИЕР ЗА ДВЕ ЧРВЕНИ“ (или беа две меѓувладини конференции?).

Сценаристот бил пресреќен што нашол ваква политичка ултра-проститутка и сомнително ликче без чувство на срам, скрупули ни за лек, ајван кој за да биде премиер макар половина година (цела му е премија) ќе даде се’, политикант без трунка чест, гордост и достоинство. Еден во милијарда. И би и најголемиот политички мисир во поновата историја на човештвото, марионета која силно ги засени и збриша Видкун Квислинг и Маршал Патен. Престолонаследник Ќуран кој го стави во длабока сенка дури и својот ментор, гуру и монарх Заев…

И така, премиерската Мадам во опкружување на цела влада „две чрвенски“ лесни ликови, ни го приреди наголемиот резил во историјата, булазнејќи шизофренично дека го остварил сонот на асномците и илинденците?!?!?

Најави ли со ова антимакедонскиот мисир дека тој и бандата предавници ќе си одат од Македонија? Затоа што, тоа бил сонот на илинденците и асномците – сонот за независна, суверена Македонија, слободен богоугоден македонски народ и да ги снема предавниците кои цела божја историја ни задавале и ни задаваат силни главоболки, генерирајќи силен гнев, бес, чемер и јад.

Всушност, кога ќе размислите, македонските дами на ноќта, оние гревчиња кои гравитираат пред МРТВ и нудат сексуални услуги под зградата на МВР на Спасовски, тие напатени душички имаат милион пати поголемо достоинство и чест од Тачиевите двечрвенски партиски содругари од СДССССССССССССС. Повеќе личат на оние од забеганата светска порно индустрија. И северџаните, како и порно ѕвездите,  тоа што го прават го чинат јавно, без срам и пред очите на сите.

Затоа, како што најавивте и ветивте – по остварувањето на сонот на илинденците и асномците, т.е. откако ќе фатите џенем од нашата Македонија, сите на купче и во пакет со таа ваша северна – сиктер во порно индустријата, таму ве очекува одлична, богата кариера, супер место за бессрамни “deep throat“ таленти подготвени на се’ и дилајли кои голтаат без да џвакаат. И не грижете се, чадорот ќе ви среди за аудиција, со вакви квалитети само небото ви е граница.

Или тињата ќе да беше…