четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

ЕУ ќе не храни, а НАТО од Дардишта ќе не брани

ЕУ ќе не храни, а НАТО од Дардишта ќе не брани

Нов ден, нова поучна зезанција и наравоучение. Не е „Мачорот в чизми“, по ново „ДУИ в чизми“ да ти било или „Педагогот в чизми“ можеби? „ДУИ в опозиција“, поверојатно. Види-види, што дознавме викендов, ДУИ да ти оделе на избори во чизми?!?!?! Ајдееее, нелогично, нели? Арно ама, така самите си кажаа. Правдајќи ја Дардишта за милитаристичката порака во која госпожата се закани со војна ако одат в опозиција, потсетувајќи дека чизмите им биле на таван, интегративците на Али мудро срочија: –Дардишта не се заканува со војна, туку со избори! Вака, во основа, гласеше соопштението од Мала Речица, сериозно…

А пацифистистката, мирољубивата гласачка в чизми напиша: „Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него.“

Значи, сега е јасно. Како ќе препознете партиец/гласач на ДУИ на избори? Епааа, лесно. Носи чизми пустиот. Нив ги чувале само за избори. Нешто ко адут, „коњак“ ли им било, суеверие некое тоа. Ццццц… Не, не е фан на „Мачорот в чизми“ и не сакала Шкодране да ни се закани со војна, не сакала да каже дека македонска крв пак ќе потече ако ДУИ падне од власт,  не, немала ниет да срочи дека некој пак ќе црта по грбови на работници, дека некој ќе ги врзува за столбови и ќе детонира објекти со нив, не сакала да каже дека ќе има нови силувања, мачења, киднапирања, убиства, егзекуции. Бидете мирни, Дардишта само сакала да каже дека нејзините сопартијци милуват чизми како дел од обавезниот интегративен аутфит при гласање. Внимавајте добро следниот пат на Алија и на Артан Нежни, можеби под панталоните ќе им ги препознаете војничките чизми…

Освен што „старата куќа“ е заменета со хациенди, гарант и срушена заедно со чизмите, уште една небулоза која произлезе од милитаризмот „зелен“ на Шкодране. Против кого ќе се бори женската? Па нели сме членка на НАТО? Па нели не убедуваа северџаните дека Алијанската се грижи не само за надворешната, туку и за внатрешната безбедност на своите членки? Значи, Дардишта „ќе го пука“ на НАТО? Ајдееее, нова статива од госпожата во калаш вљубена.

И башка, кога пишуваш дека некој си игра со оган, тоа на гласачките ливчиња ли се однесува? Евеее, работа за Даште и ДИК.

Десетто, една работа што ми текна. Значи ли ова дека фингерпринт машините ги одучија Дуевци од носење чизми, па затоа имавме вакви нормални резултати на последниве избори? Или, тоа значеше дека некој си ги менувал чизмите при гласање, па во истите високи обувки многумина на различни гласачки места оделе и ниски финти изборни правеле?

Уште еден проблем. Нелогично, ама сега истите тие чизми да ти биле многу броеви поголеми за довчерашните носители на истите. Се смениле условите, „пораснале“ и оние околу нив. Само Шкодране и Павле Богоевски останале исти. Таа се заканува со војна, Павле со уривање на новата влада со шарена „револуција“… Аман бе дечки, ајде малку поинвентивно, смислете нешто ново, „стара финта, нова будала“ е ептен излитена фора, а и никој веќе не пие нафта, скапа е…

Интересно, европската басна „Мачорот в чизми“ е приказна за мачка која со лаги, измами и сплетки сака да се стекне со моќ и богатство за да ја освои раката на принцезата за неговиот господар кој немал ниту имот ниту потекло. Не, не бил педагог. Една разлика, а многу сличности. Овде некој се служел со истото (башка конфликт) за да дојде до бордови, 6 министри, 106 директори, 206 члена во Управни одбори, илјадници рамковно вработени партијци, илјадници тендери. И сето тоа под превезот на борба за слобода и човекови права. Грдо, нели. Секоја сличност е случајна, но мачорот имал убава намера, а ДУИ не бадијала толку добро се согласуваат со Заевци. Бизнисот и лукративноста така добро ги спојуваат и  опишуваат, ко две страни на една паричка се. И сега, е сега боли паѓањето од власт, нели. Епа, боли. А ревизиите? Е, тие ќе болат уште повеќе.  А по нив, топли чизми многу да ти помагале при престој во некои места со високи ѕидини, институции кои кубуреле зиме со греењето. Аирлија…