петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

И Путин и Бајден ќе застанат, но не и Црпко…

Знаете дека е многу поверојатно дури и Путин да застане, да побара прошка од Украинците и да си ги врати трупите во Русија, уште поверојатно е Зеленски да престане да глуми херој и да признае дека не требаше да трупа туѓо оружје и интереси, можеби и Бајден да се извини што ја с’скаше и инцираше работата, верувале или не - можеби и Северџаните ќе речат МАКЕДОНИЈА, но сето тоа колку и да е неверојатно, е многу, многу поверојатно од прекин на Заевите матни бизниси. МАЛО СУТРА, би бил неговиот одговор. Црпната класика...
И Путин и Бајден ќе застанат, но не и Црпко…

„Синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за производство на електрична енергија.“ Наслов, кој покрај случувањата во Украина е најчитаниот и најсподелуван во Македонија. Во Северна не, таму тоа не беше вест, туку само причина за прослава на континуитетот на идеолошката матрица на нивниот неприкосновен алаш-вериш лидер и идол.

Знаевме и ние, не не’ изненади, јок. Црпко би ве изненадил ако рачето престане да му лепи и ако фамилијата не му узурпира некој бизнис сектор. Арно ама, ние не сме таа среќа. „Струја“ е Црпко, не дочека ни два месеци за да не влета во нова доходовна бизнис зделка, со струја. Па нели демек ќе се селеше во Бугарија? Да, велат и таму имал милионски фирми, ама чуму не и кај нас. Ова е мултинационален бизнисмен, полиглот кој не бадијала зборува на толку многу јазици. Муртински, бугарски, српски, англиски. Башка, не е луд  да напушти вака плодно бизнис-поле ко Македонија, на друго место не го оставаат вака да аздисува пустиот, таму има закони…

И знаете дека е многу поверојатно дури и Путин да застане, да побара прошка од Украинците и да си ги врати трупите во Русија, уште поверојатно е Зеленски да престане да глуми херој и да признае дека не требаше да трупа туѓо оружје и интереси, можеби и Бајден да се извини што ја с’скаше и инцираше работата, верувале или не – можеби и Северџаните ќе речат МАКЕДОНИЈА, но сето тоа колку и да е неверојатно, е многу, многу поверојатно од прекин на Заевите матни бизниси. МАЛО СУТРА, би бил неговиот одговор. Црпната класика…

И да не се лажеме, така случајно ЗЗ и компанија го уништија РЕК-от и ги пресушија акумулациите, продавајќи пролетта струја за џабе. Не бадијала најдобро другарче му е Коче, кој држи 70% од приватното производство на енергија, а уште понеслучајно е што „новиот“ премиер и престолонаследник на Заев, Ковачевски, има фабрики за производство струја од фотоволтаици. Коче доби тендери за пеколните монтажни болници, Таче премиерска позиција, а  Зоче интро и влез на „голема врата“ во најдоходовниот бизнис во Македонија. По марихуаната, се разбира…

Затоа, не се сомневаме дека дури и Путин и Бајден ќе се гушнат, повлечат, стават во лер и ќе „застанат“, но не и Црпко во полнењето на џебовите. Третиот, дефинитивно и  докажано, нема исав…

 

П.С.

Туку, онака, чисто информативно. Милионите за фирмата од родендени и мекици да не му се?