Кого лажеше вчера Таче? Себеси, Брисел или Македонија? Не ви требаат трипати за да погодите, нели?
Северниот премиер кој не пропушти десетина пати да потенцира како „по ново“ му се вика државата, за што веројатно доби многу пофалби од „сојузниците“ и дополнителен кредит за да опстои на позицијата на која никогаш и не требаше да биде, вчера на прес-конференцијата на која на три од пет новинарски прашања си читаше одговори ко Катица Јанева, искажа еден куп небулози и нелогичности.
Прво, што сакаше да каже Таче, дека Бугарите потпишале ДРАФТ-ВЕРЗИЈА на францускиот предлог?! Дека Петков, Борисов и компанија се политички дилајли ко нив и се залетале и изгласаа некаков нецелосен документ кој потоа Макрон по острите реакции во Македонија ги доработил и испеглал во македонска полза?! Ууууу, многу сме јаки….
Ало, кого муљате и лажете, Заевци низаедни? И сега, откако Макрон демек го македонизираше ултра-бугарскиот предлог, национал-шовинистичките источни соседи ќе речат дека се е таман и сосема е во ред да потпишат друга, промакедонска верзија? Некој нормален ќе не’ убеди дека Бугарите се одважија да стават параф на нешто што не е конечно и е менливо, дека „францускиот“ предлог сега не е веќе 102 проценти бугарски??? Ајте, сиктер таму, северни лажговци.
Второ. Ќе не убедите дека на ЕУ и е супер што предлогот има две верзии? Една со која ќе им угодат на Бугарите, а друга со која ќе ги задоволат Македонците? И така, сите среќни и задоволни ќе си потпишеме што ни одговара, а во фуснота со ѕвездичка ќе стои дека „другата страна“ признава друг, сосема различен договор? Таче поставува нови норми во светската дипломатија, договор од типот „кому како му одговара“, а важи само прифатеното од ваша, но не и она од другата страна…
Или сега, Софија ќе молчи гледајќи дека во Скопје „пристигнал“ сосема друг договор и тие ќе си свиркаат гледајќи како бугарскиот воз ги менува боите во македонски на патот кон Брисел? Ќе речат, супер е, прифаќаме промакедонски договор, иако потпишавме пробугарски затоа што владата ни е во распад и наеднаш „чири бу, чири ба“ не сме националисти и максималисти? 59,5% од Бугарите на анкета рекоа дека и ултра пробугарскиот предлог не им одговара, а не „новиот“ демек промакедонски и измислен од Таче. Ајт, бркајте работа, извртувачи…
Трето, Таче и бандата као дефинитивно не убедија вчера дека предлогот дури синоќа пристигна во Македонија? Две недели потоа? Демек како тие немаа поим што соддржи, не учествуваа во антимакедонските преговори, дека европската пошта доцни во земјите кои не се членки, а е супер брза во рамки на ЕУ? Или, поверојатно, дека македонската пошта е спора ко полжав, па предлогот се труцкал и главел по нашите патишта со дупки, па се расипало старото поштенско комбе? Поверојатно, го фарбале ли патем? Срамота…
На крај, ќе испадне она што го знаеме од почетокот, дека Ковачевски, Османи и владината болумента го имаат потпишано предлогот не во драфт, туку во бланко форма, дека оваа марионетска влада го направила она што марионетите најдобро го прават. Слушаат, беспоговорно. И извршуваат и потишуваат, без зуц. Прашајте го Димитров…
И сега? Е, сега ќе глумат демократи со пола година стариот „нов“ предлог, ќе ламентираат за лажни измени кои се во македонска корист, ќе не убедуваат дека е супер, дека го спасиле јазикот и идентитетот со некоја глупава и евтина формулација, ќе продаваат магла за тоа колку Брисел не’ сака и тестиси за бубрези за тоа како победиле северџанските слепци во оваа битка со Бугарите, па како минатото не смее да застане пред иднината, како таму не чекаат мед и млеко. Башка, по навика, можеби ќе им текне да ја воскреснат кампањата за бесплатно здравство.
Ќе ги видите сега и новинарите и експертите „на копче“ кои пред две недели се помакедончија, како ќе се трансформираат по потреба во еуфили и до утре сабајле ќе го фалат и благосиљаат „модифицираниот“ предлог, кој од модификации има само модифицирана свест „по потреба“ на Тачевци. Свест која се менува, „на дугме“…
За ваша жал, северни суртуци, Преспанската капитулација е пред нас, а со неа и грдите последици од неа и секојдневниот порив за повраќаници кога ќе ве слушнеме како искривено го изговарате името на Македонија. Секој ден слушаме за нови и нови „северомакедонци“, се спрда и потсмева секој жив со нас и нашиот јазик, кој и во ЕУ стана северомакедонски за лектори, а во ООН се делат фусноти за употребата на неговото име. Во исто време, Стево и бандата не убедуваат, верувале или не, дека истиот тој идентитетски колеж во Нивици ни го „зацементирал идентитетот и јазикот“. Сетете се само на срамот кога Зоран Заев им се извинуваше на Грците за „МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА“. Не мора подалеку да одиме…
Тачевци (читај Заевци) велат дека ова бил финален, односно последен предлог на ЕУ, во форма „земи или остави“. Ајде бе? Демек, ако не прифатиме сега, ништо од ЕУ? Уууу, ултиматуми? Па нели така функционираше мафијата, не и демократска Европа. Статива, а?
Искрено, таква дволична ЕУ не ни треба, носете се и ставете не’ во та пограничната единица за лоши деца, онаа Европска политичка заедница, аман…
А Македонија, ние, мора да бидеме на готовс. Сфатете, ова ни е последна шанса. Ако и ова ПРЕДАВСТВО помине исто ко преспанската повраќаница, можеме само да го викнеме Чом. И официјално, да го изгаси светлото…