четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Северни лицемери

Северни лицемери

Ги нарекуваа убијци на деца, инструирани северџански банди чкртаа графити по градинки со каква ли не забегана соддржина, ги споредуваа со ѓаволи, ги каљаа, пропагандистички анатемисуваа и кога по две недели штрајк мораа да прифатат дека се победени од синдикатот, што сторија Ковачевци, наследниците на Заев?

Признаа ли дека згрешија што цели ПЕТ години колективен договор не почитуваа? Признаа дека не требаше да ги наречат УБИЈЦИ НА ДЕЦА? Признаа ли дека не требаше да одат со закани и идиотски уцени со заменски наставници? Се извинија ли што се однесуваа ко спахии и монарси, а не шушумиги кои од нас плата земаат? Јок. Со големи букви. ЈОК!

Што сторија дијалите владејачки? Епа, нецели 15 минути по поразот во преговорите со СОНК, СДССССС излегоа со соопштение: „12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите!“ Ауууууу, толку ала Гебелс забегано, крајно, нели? Врв на лицемерието и  лагата, крај.

Па добро бре, дали сте нормални? Аха, ни текна, ова ви е лоша навика, јасно. ЛАГА се вика.

Се сеќавате на 30 септември 2018-та, кога „ко Грчка“ загубија на референдумот? Ви текнува со која идиотштина настапија? ХРАБРИТЕ ИЗЛЕГОА, рекоа од СДССССС… Да, храбрите кукавици, чесните арамии и умните имбецили. Кој од кој пооксиморон. Се сеќавате како ламентираа по драконските пресуди на патриотите од 27 април, дека конечно правдата дошла во Македонија? Си спомнувате на некрофилските приказни и тажни судбни со кои тераа револуција која испадна дееволуција, на извитоперувањето на судбината на малата Тамара, Нешковски, Младенов, Смиљковско, која од која погрда лага, Бог да ги прости споменатите чии имиња ги злоупотебуваа северџаните. Тоа се тие, едни те исти пропагандисти, некрофили и патолошки лажговци.

Е сега, две недели се ценкаа и натегаа со истиот тој СОНК, министерица Тренчевска прштеше од ароганција и ги упатуваше негувателките да бараат плата од Јаким Неделков, оти државата не им давала, Заевиот полтрон и клон Костадинов со уцени ги натера струмичките просветари да ветат дека по Велигден се враќаат на работа, ССМ полтроните „сипаа песок во сојузничката осовина“ и скокаа околу престолонаследникот Ковачевски ко мали, недоветни деца, условувајќи поддршка на протести со прифаќање нивни услови, вклучија и слепо и сакато во креирањето ѓаволи од луѓето кои за бедна плата ги учат нашите и нивните деца, за да сега се фалат дека, замисли, ни помалку ни повеќе – туку истите тие суртуци од власта биле доблесни и туку-така од филантропија пуста обезбедиле „12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите!“ Ццццц…

Факт е дека вакви демагози еднаш се раѓаат, но проблемот е друг. Од денеска сите го бараат она што му го дадовте на СОНК, цел КСС чиј гранков синдикат е токму оној на Неделков.  А КСС е на улица. И сега, шу прајме бе популисти?! Се заглавивте со недоносената идеја за минимална плата, се дозаглавивте со СОНК. И сега?

Ало, дунстери, државата не може да биде за едни мајка, за други маќеа, тоа требаше одамна да го научите. Ќе дадете на сите, или на никого. Поинаку не бивало, ниту бива. Изговорите не ви држат вода.

Како, како?

Не ве слушаме,

Погласно, ве молам! Ахаааааа, НЕМАТЕ пари. Да, немате ни национално чувство, немате поим ниту од историја, за економија да не правиме муабет, за здравство сте ајвани, од правда абер немате. Факт, НЕМАТЕ многу работи…

Епа, имаме чувство дека набргу ќе ве нема и на Илинденска бр. 2. Знам дека врхушката ви ја плаши новата адреса која исто е на „И“, а продолжува со ДРИЗОВО, но не грижете се, нема да ви биде толку лошо. Ќе фатите врски и ќе платите рушвет, за тоа сте родени и ОП, ќелиите ќе ви бидат свртени на СЕВЕР, а наместо тоалетна ќе ви обезбедат Устав со печатни грешки, кој и онака здрав-прав за тоа и го користевте. Ќефови, нели…

И не, не се само платите, северни суртуци и лицемери. Можеби некогаш, кога ќе се читате на црните страници на историјата која толку сакате да ја избришете, ќе сфатите колку Макеоднија вриела, колкава антинационална белја сте направиле и колкав гнев и бес сте предизвикале. А поверојатно, никогаш нема да сфатите, затоа што да размислувавте, тие зулуми никогаш и немаше да ги направите. Северна статива, затоа што не сфативте дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ отсекогаш се, биле и ќе бидат на ЈУЖНА, трибина…