петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Ветувачки старт на 2022-та, аирлија!

Ветувачки старт на 2022-та, аирлија!

Убави празници без Заев, идила, нели? Ок, Македонците добиваа вакцини со поминат рок, Кирил Петков кукаше, лелекаше и коси кубеше заради документарецот „Една вера, еден народ“, а тенкистот Бучко повторно најавуваше брзо решение со Бугарија, ама сето тоа се трпеше. Без Црпко, се’ е поубаво. Дури и зголемената цена на струја, парно, бензини, плин и метан не се толку страшни со СДСС вака обезглавена, или подобро кажано „обезцрпена“. Ај, може и ќе не биде во 2022-та. Минатата за малку и ќе не бидеше, ама Заевци најдоа алтернатива. И буквално и фигуративно. Онаа на Гаши од групата „Празни џебови“. Сега ги наполнија…

Се сеќавате на „Сексот и градот“? Серија во која сите се прашуваа – А, каде е градот? Оти од вториот немаше абер. Имаше, но само од првото, нели. На претек. Е, сега, да сме ти имале к’смет да живееме во иста таква серија, „Сексот и државата.“ Не, не позната по сексот, туку по недостигот на она второто. На државата.

Велат, за водење љубов, требало бар двајца за да уживаат во неа. За водење/урисување држава, доволни да ти биле макар двајца ненаситни, башка браќа, со желба за правење милиони.

Т’канди, стар збор употребуван и во македонските народни приказни. Времето, дури се’ уште имало народ што не трпи глупоштии. Како и да е, т’канди значи – се затнало, или снемало проток, нема помин/премин пустото. Така и ние. Така и Македонија. Т’канди. Се затнало, ама 5 години цели. Комуњаро-северџанска мисловно-душевно-акциска блокада и затнување. Ил, ќе да беше таксират. Пак стар збор. Значи, несреќа. Предлагам „ме фати таксират“ да го замениме со ЗАЕВ. Ме фати ЗАЕВ. Се’ е кажано, нели? Три букви помалку, ќар. До гуша. На страна, посоодветно, посовремено, башка поактуелно. Понесреќа македонска, здравје. А, за потрагикомично, позевзечко, пошапалско, потумручко, најцрпнато и најантимакедонско, муабет да не правиме. Само, да внимаваме. Оти, кај и да е, многу веројатно наскоро ќе биде – МЕ ФАТИ КОВАЧЕВСКИ…

И сега?  Чаре? Епа, едноставо, велат. Саде, требало да ни „текне“, светне“ ли, да ни илуминира сијаличката старо/новозаветна дека сме Македонци, дека ова е Македонија, дека не бадијала токму тука битисуваме со векови.

И воа/ова 22 лето на 21-от век, да ти било најкрајно време за ставање точка на антимакедонштината, вистинско време, апла, за доказ дека не сме од вчера, дека не сме без корен, дека е тешка глупост оти сабја наведната глава не сече (кој пропушта кога е долу пустата, да не ја сосече), дека северџаните се лукративни копуци (башка што на рака се бројат), дека сме МАКЕДОНЦИ…

Епа, ајде, ко што во идиотскиот „Сексот и градот“, немаше град, ајде на „сојузниците“/натовци/европјани/меѓународна да им покажеме дека со овие зевзеци ни протекторат не може да им функционира, не па држава, да увидат дека во Македонија нема „проѓа“ она на „С“, дека сето тоа е тешка повтарачка, комуњарска, северџанска глупост која не смее никогаш, никому да се повтори – колку и да Заевци ко навиени ја повтараат, оти сите ние (наводно, епа ај на дело да покажеме) имаме гордост, достоинство, чест и многу  македонштина во себе. Ќе речете, малу и ступидна е паралелава со идиотската направија на „Сексот и градот“?!?!?! Или, пак, ако не можеш да го спречиш силувањето, барем уживај во него, што би рекол Конфучие?!?!?

Јок. Најјок, проблемот е што ние ги трпиме оние кои национално не силуваат, а паралелата си е таква каква што си е. Обична. Паралелна. Иста, ко световите во кои живеееме со северџаните. 2022 завршува со двојка. Епа, време е за „двојка“ за  почеток на крај на оваа наметната северотопија.

Велат дека луѓето од целата земјина топка сакале крајот на светот да го дочекат токму во сегашната, Заевистанска Македонија. Зошто? Затоа што ваква каква што е, била 30-на година зад останатиот свет…