петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Внимание! Жолто комбе пред влада…

Внимание! Жолто комбе пред влада…

Добредојдовте во најновата лакрдија од кујната на трајно неспособните северни популисти и уште потрајно неупотребливи и непресметливи властодршци. Медрано може само вода да му носи на циркусот на Таче. Со цистерни.

Да, лоша навика или не, ама Цаци стана. Пак.

Арно ама, овојпат како најтрајно неспособна министерка за одбрана во свет. Сама дигала „рука“. А и вторник е, исто како во антологискиот филм „Тетовирање“.

Да, ова е дарено од самата госпоѓа министерка. А, реално, кога ќе се запрашате, чуму Славка би била поинаква од лидерот и’ Ќуран??? Она, кога имаш трајно неспособен премиер и преЦедник на партија, логично е сите поданици на недокваканиот престолонаследник да сакаат да бидат како него, нели?

Чиста, пуста, толку северна логика.

Така, според таа „логика“, веста дека Цаци се направи трајно неспособна за да го тужи Ковачки со „солена“ можност да му искамчи некој денар на суд дојде толку природно. Повеќе и не може, го штити пратеничкиот имунитет.

Некој би рекол дека толку и’ сече на пустата, друг дека „пара на пара лепи“ па зошто да не проба да се опари Цацито, трет дека сега е факт дека понеспособна министерка за одбрана не сме имале. Ниту ќе имаме. Не јас, не вие, таа самата си кажала. Не верувате?

Ете, во дел од извештајот на психијатарот кој ни го предочи тужениот полковник и го пренесоа стотици медиуми се вели дека на Цаци и се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, проблеми во мислењето, збунета е и конфузна. Има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала!“

Не само ова, за да добие поголема отштета и за да му направи поголема штета на Ковачки, Цацка, според извештајот пренесен од дузина провладини и опозициски медиуми, наводно  чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и вели дека три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир, често има нарушен сон и инхибиција.

Но, тоа не е се’!

Според специјалистот-психијатар кој на македонската јавност и го предочи Ковачки, во психичкиот статус на министерката која сама доброволно се јавила и доброволно ги вршела психијатриските прегледи се констатира дека има оптеретен мисловен процес. Покрај оваа состојба на намалени когнитивни функции, и’ била препишана и седативна терапија, односно од Цаци три месеци била под седативи. И во Украина ли била под седативи??? Да, според извештајот…

И, така, Цаци сега стана. Пак. Сега не по барање на Таче за да ја види сала. Сега по сопствено барање. Да, за промена, сега стана не за сала, стана за да ја види Македонија. И ја виде…

Ок, Таче е премиер со лекарска белешка дека е трајно неспособен, заверено со параф на лекар. Лажел за да не оди во војска или не, извештајот е веродостоен и стои. Е, сега, парадоксот е што Цаци која, очебијно, сака да биде како лидерот Таче, го тврди на психијатар истото, арно ама – додека истата е министерка за одбрана?!?!?! Цаци : Таче=1:0

Алооо, Црпковци, дали сте со сите????

Добро, знаеме дека половина влада никогаш и не би минала на тест за деловна способност и дека ова е ука за во иднина, дека психијатар ќе мора да издава уверенија за некој да може да биде функционер. Сега не, со Тачевци е предоцна, на оваа влада и нема спас, а и нам со истите.

Ова е само доказ дека ова дефинитивно е најлудата влада во историјата на Македонија и многу пошироко. Она, кога насила се правиш луд. Да, првичната перцепција не не’ излажа, за жал.

Ве тера да се запрашате, дали превентивно глумат лудило за да се вадат на него кога ќе треба да одговараат за криминалот и апашлукот сторен при владеењето им? И три месеци во Бардовци и врати им се на искрадените милиони, а?!?!

Или, многу поверојатно, тоа е најприродната состојба во која се чувствуваат како риби во вода.

Ах, пак таа пуста логика. Па луѓе мои, кој нормален би се согласил да му го прави ова што Тачевци му го прават на сопствениот народ, на Македонија, на историјата, револуционерите, светците, на Македонците…

Туку, ви „текнува“  на комуњарските шарени сеири и шеги за „жолтото комбе“ кое ја прислушкуваше претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Епа, кој со меч живее од него и умира. А кој со „жолто комбе“ дошол на власт, со него и ќе си замине од неа. Северните дилајли и суртуци навистина ќе ги реши ЖОЛТО КОМБЕ. Само сега, очебијно, ќе биде она вистинското жолто комбе, она кое ги разнесува „клиентите“ дујдисани во одреден тип на кошулки.

Знаете ли кои ќе бидат последните „владејачки“взборови на дечкиве од Илинденска бр.2 кои секој во една од своите шест личности глуми премиер, министер или функционер???

ПАЗИ, ТАЧЕ! ЖОЛТО КОМБЕ ПРЕД ВЛАДА!!!