Заедно со рецептите кои следат, ве советуваме добро да се наспиете, да пиете што повеќе вода и да ја нанесете најхидрантната маска за лице што можете да ја најдете во бањата и ќе видите – како ништо да не се случило! Поправете го вашето тело со овие 3 рецепти за најдобри смути.
Златно смути
Состојки:
½ чаша вода
сок од половина лимон
парче ѓумбир
½ лажичка куркума
Главната функција на ова магично смути е да го смири желудникот и да го исфрли вишокот токсини од црниот дроб.
Зелено смути
Состојки:
3 грст кељ или спанаќ
2 стапчиња целер
1 јаболко
¼ авокадо
парче свеж ѓумбир од 2 см
2 супени лажици сок од лимон
2 чаши вода
Овој пијалок е богат со антиоксиданси, витамини и есенцијални масти, како и со влакна кои се клучни во процесот на детоксикација.
Розово смути
Состојки:
1 банана
50 гр замрзнати бобинки
15 гр овесна каша
2 големи лажици путер од кикирики
150 мл незасладено бадемово млеко
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка кокосово млеко
Ви препорачуваме да ја внесете оваа разновидност на здрава храна во вашата дневна рутина, а во оваа конкретна ситуација ќе ви помогнат природните шеќери кои го зголемуваат ниското ниво на шеќер во крвта предизвикано од алкохол.