недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

3 намирници кои го зголемуваат нивото на кератин: Одлични за здрава коса, кожа и нокти

3 намирници кои го зголемуваат нивото на кератин: Одлични за здрава коса, кожа и нокти

Лесен начин да внесете повеќе протеини и витамини во вашето тело

Кератинот е есенцијален протеин што нашето тело го произведува за да формира коса, нокти и кожа. Се наоѓа и во други делови од телото, вклучувајќи ја и слузницата на внатрешните органи и жлездите.

Оптималното ниво на кератин може да го подобри изгледот на кожата, косата и ноктите, поради што се повеќе се гледа како состојка во козметичките производи.

Но, покрај локални третмани и козметика збогатена со кератин, можно е да се зголеми нивото на овој протеин преку внесување на одредени намирници.

Сладок компир
Иако не е претерано популарен во нашите краишта, слаткиот компир се повеќе се препорачува за конзумација од страна на лекарите и нутриционистите. Богат е со влакна, калиум и бета-каротен, кој влијае на изгледот на кожата и може да спречи оштетување на клетките.

Исто така, бета-каротенот или витаминот А игра важна улога во развојот и регулацијата на кератинот, наведува „Dermato Endocrinology“.

Само еден печен сладок компир со средна големина содржи дури 156 проценти од препорачаната дневна вредност на витамин А.