Овој животен минерал е важен за квалитетно функционирање на организмот
Магнезиумот многумина го нарекуваат минерал на животот, бидејќи е клучен за здравјето на нашиот организам. Доколку го нема доволно овој минерал во нашиот организам, може да настанат многу проблеми, а најчести секако се грчеви во мускулите, кои се првиот показател дека во исхраната треба да се внесува повеќе намирници кои содржат магнезиум.
Нутриционистите истакнуваат дека постојат 3 намирници кои се полни со овој скапоцен минерал и кои благотворно делуваат на здравјето на нашиот организам.
Бадеми
Бадемите се на врвот на листата на намирници кои се богати со овој минерал. 30 грама бадеми содржат 105 милиграми магнезиум. Овој јаткаст плод е богат и со витамин Е, антиоксиданс кој го одржува имунитетот и го помага здравјето на очите. Бадемите се богати со омега-3 киселини, но и протеини, па се одлична ужина, бидејќи даваат чувство на ситост долго време.
Семе од сусам
Семето од сусам е богато со овој минерал, па затоа 30 грама пржени семки содржат 101 милиграм магнезиум. Овие семки се одличен извор и на витамин Б6 и на железо, што ги прави пожелни во исхраната што е можно почесто. Може да се користат така што со нив ќе се попрскаат пити или ѓевреци пред печење, а препечениот сусам е одличен и како додаток во салати со сирење.
Семки од сончоглед
Семките од сончоглед се совршен извор на магнезиум, а 30 грама од оваа храна содржи дури 128 милиграми од овој скапоцен минерал. Освен магнезиум, семките од сончоглед се добар извор на калциум, како и полузаситени масти кои помагаат да се намали лошиот холестерол во крвта. Можете да ги јадете како грицки, а наместо пакувани и солени, изберете сирови кои се поздрави.