петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

7 намирници кои не треба да ги јадеме на празен стомак: Можат да предизвикаат потешкотии на организмот

7 намирници кои не треба да ги јадеме на празен стомак: Можат да предизвикаат потешкотии на организмот

Појадокот е најважниот оброк, бидејќи ни дава енергија која е од пресудно значење за целиот ден, а не смееме да го прескокнуваме. Исто така, многу е важно што јадеме на празен стомак, бидејќи многу намирници може да предизвикаат гадење, киселини, надуеност и тромавост.

Што никогаш не смееме да јадеме на празен стомак?

Јогурт

Тешко е да се замисли појадок без омилениот млечен напиток. Но, јогуртот содржи здрави млечни бактерии кои не стигнуваат до цревата кога се пие на празен стомак. Совет е да изедете нешто пред да конзумирате јогурт.

Банана

Овошјето е добар избор на храна на празен стомак, но не и бананите, што може да доведе до нагло зголемување на простиот шеќер, но потоа и до негово брзо опаѓање. Поради тоа, некои луѓе ќе имаат болки од глад подоцна во текот на денот.

Цитрусни овошја

Лимоните, портокалите, грејпфрутот, мандарините се полни со витамин Ц. Сепак, киселината што ја содржат може да ја нападне мукозната мембрана и да предизвика болка во устата и грлото. Од сите цитрусни овошја, дозволен е само лимон разреден со вода.

Ладни газирани пијалоци

Ако се консумираат на празен стомак, ладните газирани пијалоци можат да предизвикаат оштетување на слузокожата и да го намалат протокот на крв во желудникот. Ова резултира со бавно варење и непријатност во пределот на стомакот.

Тесто од квасец

Квасецот, особено ако се консумира наутро, може да го иритира желудникот и да предизвика силна надуеност и варење. Затоа, избегнувајте печива и лиснато тесто наутро.

Палачинки

Шеќерот додаден во повеќето преработени храни и други засладувачи го има истиот ефект врз црниот дроб како и пиењето големи количини на алкохолни пијалоци. Шеќерот од овошјето е прифатлив бидејќи содржи растителни влакна, но голема количина фруктоза сама по себе може да го преоптоварува црниот дроб. Палачинки со сладок сируп или крофни не се добар начин да го започнете денот.

Суров зеленчук

Доматите се одличен извор на витамин Ц, но содржат и високо ниво на танинска киселина, која ја зголемува киселоста на желудникот и може да доведе до чир. Гастритисот и надуеноста се силни по јадење краставици на празен стомак. Суровиот зеленчук е богат со витамини и минерали, но не и за појадок.