петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ананас: Моќен сојузник во борбата против грчеви и вишокот килограми

Ананас: Моќен сојузник во борбата против грчеви и вишокот килограми

Кога ќе помислите на ананас, која е првата слика што ви се појавува во главата?

Палма и рака која се обидува да набере ананас. Но, ова е сосема неточно – ананасот не расте ни на дрво!

Каде и како расте ананасот?

Верувале или не, ананасот всушност расте од земја, најмногу како зелка. Но, тоа е повеќегодишно растение, со остри долги листови, а самиот плод излегува од стеблото. Интересно е што цветовите на ананасот ги опрашуваат колибри, а татковина му се Парагвај и јужен Бразил. Повеќето ананаси сега се одгледуваат во Југоисточна Азија.

Во денешно време ни е достапен речиси на сите, но порано беше присутен само на престижни церемонии. Се вели дека Кристофер Колумбо го донел во Европа по експедицијата во Јужна Америка и оттогаш ананасот станал познат на голем дел од светот.

Да, може да се одгледува дома, но ваквото одгледување е толку комплицирано, па затоа е топла препорака едноставно да отидете на првиот побогат пазар или маркет и само да го купите. И не заборавајте, ако патот ве однесе до Тајланд и плантажа со ананас, не барајте палми – погледнете надолу!

Нутритивна вредност, витамини, минерали и друго здравје

Со оглед на фактот дека не секој ананас е со иста големина, за пример ќе земеме 100 грама. Во 100 грама ананас има 79 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц, што значи дека со консумирање на 150 грама ананас дневно ќе ја задоволите вашата дневна потреба од овој витамин. Повкусно од неколку лимони, нели?

Богат е и со магнезиум и е силен сојузник во борбата против грчеви во нозете. Покрај тоа, има многу ниски калориски вредности, а се препорачува и за слабеење, а исто така е извор на антиоксиданси и се бори со различни воспалителни процеси во организмот и го зајакнува имунолошкиот систем. Одлично, нели?