Бадемите се познати како едни од најздравите продукти, затоа што тие помагаат во превенција од разни тегоби.
Исто така тие се добар производ за топењето на килограми, затоа што ја уништуваат гладта.
Бадемите се сметаат како здрав производ затоа што имаат низок гликемиски индекс, мерка за тоа колку брзо некоја храна прави нивото на шеќерот во крвта да се зголеми по јадење.
Тие предизвикуваат бавно и стабилно зголемување на шеќерот во крвта и инсулинот, а тоа ги тера луѓето подолго време да се чувствуваат сити.
Луѓето кои конзумираат бадеми за појадок се чувствуваат сити подолго време од денот, а имаат и пониска концентрација на гликоза во крвта по појадокот и ручекот.
Бадемите помагаат и во одржување на телесната тежина затоа што козумирањето на бадеми го намалува апетитот и со тоа може да се намали количеството на храна кое го внесуваме во организмот.