Излегувањето во кафуле на многумина им е омилен начин да ги поминат вечерите, а бидејќи сите имаме некои желби за пијалоци, не е лошо да знаеме како келнерите го подготвуваат нашето омилено освежување.
Група келнери на новинарите од порталот „Opanak“ им откриле кои пијалоци никогаш не би ги нарачале кога ќе излезат во кафуле.
Коктели со млеко: Ако сте љубител на вакви коктели, треба да знаете дека келнерите тврдат дека тие употребуваат млеко на кое му е истечен рокот на траење.
Точено пиво: Секако подобра варијанта е пиво во шише, иако е малку поскапо. Имено, машините за точење пиво многу често се полни со бактерии и ретко кога се чистат. Ако сакате да знаете како каква е нивната хигиена, погледнете ја хигиената во тоалетите, препорачуваат келнерите.
Мохито: Го сакате овој коктел? Е, па, ќе мора да ве растажиме, за него воглавно се користи сушено нане и скапани лимети.
Било што што е замрзнато: Мраз никако не земајте во кафуле. Кажете им на келнерите да не ви ставаат мраз, бидејќи машините за мраз воглавно се валкани.