понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

БАКЛАВА СО Ф’СТАЦИ! Старински десерт на кој му нема рамен

БАКЛАВА СО Ф’СТАЦИ! Старински десерт на кој му нема рамен

Ако сакате баклава, тогаш овој специјалитет треба да го направите со ф’стаци и вкусот ќе биде фантастичен

Состојки:

30 листови кора за пита

350 гр путер

400 гр ф’стаци

две лажици шеќер

за сируп:

четири чаши вода

три чаши шеќер

сок од половина лимон

Подготовка:

Прво подгответе го сирупот за да се излади бидејќи треба да се прелие врз врелата баклава. Измешајте 300 гр мелени сирови ф’стаци со шеќер и растопете го путерот.

Дното од плехот премачкајте го со путер и наредете ги корите, а исто така секоја премачкајте ја со путер. Наредете 18 кори една врз друга, а потоа распоредете ги ф’стаците со шеќер. Одозгора наредете ги остатокот од корите и премачкајте ги со путер.

Исечете ја баклавата на ромбоиди со остар нож и прелијте ја со преостанатиот путер. Печете на 200 степени 45 минути, додека горната кора не добие златно жолта боја. Со ладниот сируп прелијте ја топлата баклава. Одозгора посипете една шака мелени ф’стаци и оставете да се излади.