Брза баклава која се пече за само дваесет минути.
Состојки:
1 пакување кори за пита
125 гр путер
1 или 1 1/2 шолји ореви
екстракт од ванила
3 чаши шеќер
2 чаши вода
Подготовка:
Корите поделете ги на 2 еднакви дела. Едната половина од корите посипете ја со 1/3 од растопениот путер и половина од крупно мелените ореви. Убаво завиткајте во ролат и повторете ја постапката со другата половина од корите. Ролатите исечкајте ги на парчиња со големина од околу 2-3 см и наредете ги вертикално во намрсен плех.
Одозгора посипете ја преостанатата 1/3 од стопениот путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава розова боја.
Подгответе го шеќерниот сируп со ванила, оставете да се вари неколку минути. Оставете малку да се излади и прелијте со ладната баклава. Одозгора посипете ја баклавата со мелени ореви и послужете ја откако ќе одмори малку.