сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Босилек-господар на летниот вкус

Босилек-господар на летниот вкус

Најбогат мирис има во лето, но мора да е свежо набран.

Босилекот е најпопуларен летен зачин, но и зачин број еден во италијанската и француската кујна. Поради богатиот мирис одличен е за додаток во сосови, салати, тестенини, супи од зеленчук, како и оброци од месо и специјалитети од риба и морски плодови. Свежите листови се одлични за салата со домати, но трикот е да ги додадете во салата пред самото послужување за да не се намали вкусот. За да ја почувствувате целосната арома, неопходно е да биде свежо набран.

Вкусот трае подолго со сол, бибер и маслиново масло

Купените листови босилек извадете ги од пакувањето и ставете ги во поголема кеса. Листовите попрскајте ги со вода и замотајте ги во влажна кујнска хартија, затворете ја кесата и ставете ја во фрижидер. Листовите можете да ги конзервирате ако ги посолите, ставите во тегла и да ги полиете со маслионово масло.

Металниот прибор ги уништува листовите од царскиот зачин

Иако сака топлина, босилекот не сака кога го варите повеќе од неколку минути. Пожелно е листовите да ги ситните со рака. Бидејќи го додавате во храната, не мешајте го со метален прибор бидејќи при допирот, листовите ќе поцрнат. Затоа секогаш употребувајте дрвена лажица.