Ако сакате да пробате нешто ново за појадок, тогаш дефинитивно треба да ги вкусите овие тортиљи.
Состојки:
3 јајца
сланина
кашкавал по желба
кромид
химајалска сол
бибер
маслинов зејтин
лук во прав
тортиљи
Подоготвка:
На загреана тава ставете малку маслиново масло, додадете кромид да се пропржи, потоа сланина и прелијте со јајца, па зачинете и додадете лук со прав.
Тортиљата ставете ја преку омлетот и прекријте со чинија за да може убаво да го свртите и испечете од другата страна.
Поделете ја тортиљата на половина за да може послесно да ја послужите и додадете салата по желба.