Вкусен оброк
Состојки:
500 гр макарони
3 јајца
3 дл јогурт
200 гр кисела павлака
300 гр ситно сирење
1 лажица сол
И уште:
масло по потреба за тавата
4 лажици презла
150 гр рендано тврдо сирење
Подготовка:
Обарете ги макароните. Исцедете.
Јајцата се матат, се додава јогуртот, сирењето и павлаката и се посолува.
Намачкајте ја тавата со масло и посипете ја со презла. Сварените макарони измешајте ги со смесата со јајца и сирење. Истурете во тавата. Посипете со рендано сирење.
Се пече во загреана рерна на 220 C околу половина час.