вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Брз ручек: Запечени макарони со павлака

Брз ручек: Запечени макарони со павлака

Подготовката е толку лесна и едноставна, а вкусот ќе ве воодушеви.

Состојки:

200 гр макарони

2 јајца

250 гр павлака

70 мл јогурт

100 гр шунка

малку кечап

малку сол

малку масло

Подготовка:

Сварете ги макароните според упатството на пакувањето, исцедете ги и истурете ги во огноотпорен сад. Ставете ја шунката исечкана на ситни парчиња, а врз макароните малку кечап.

Јајцата изматете ги, додадете ја павлаката и јогуртот и измешајте. На крај додадете ги шунката и кечапот.

Печете 15-20 минути во рерна загреана на 180 степени целзиусови. Послужете топло.

Пријатно!