Одличен избор за љубителите на чоколадо.
Не секогаш ви требаат многу состојки за вкусен десерт.
Овој колач е направен од само три состојки, а ветува брза и лесна подготовка.
Состојки:
400 гр чоколадо
350 ml кондензирано млеко
130 гр сечкани ореви
Подготовка:
Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со кондензираното млеко ставете го во тенџере. Загрејте на умерен оган со постојано мешање додека чоколадото целосно да се растопи и да добиете изедначена смеса. Додадете ги сечканите ореви и сè убаво измешајте. Обложете четвртаста тава со хартија за печење и истурете ја добиената смеса во неа. Добро израмнете , па ставете го во замрзнувач околу два часа. Потоа, се сече на коцки и се сервира. Чувајте ја тортата во фрижидер.