недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

БРЗИНСКИ ЧОКОЛАДНИ BROWNIES КОИ ГИ ОБОЖАВААТ 20 МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Мек и сладок десерт кој ветува задоволство!

БРЗИНСКИ ЧОКОЛАДНИ BROWNIES КОИ ГИ ОБОЖАВААТ 20 МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Мек и сладок десерт кој ветува задоволство!

Над 20 милиони луѓе се воодушевени од овој рецепт, а се што треба да направите е да ги изматите состојките и да ги испечете. Задоволство на кое никој нема да може да одолее.

Состојки:

200 гр чоколадо
115 гр путер
1 шолја шеќер
1/2 чаша кафеав шеќер
3 јајца
прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 чаша брашно
1/4 шолја какао

Подготовка:

Растопете го чоколадото со путерот.
Измешајте ги двата вида шеќер, па постепено додадете ги јајцата.
Изматете после секое додавање.
Кога ќе ја додадете кремаста смеса, додадете сол, ванила и просеано брашно со какао.
Убаво соединете.
Истурете во тавче намачкано со масло и обложено со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна на 180 ° C околу 30 минути.