Едноставен и вкусен овошен десерт
Потребни состојки:
3 јајца
100 гр. шеќер во прав
80 гр. путер
100 гр. брашно
200 гр. јагоди
Подготовка:
Исчистете ги јагодите и исечете ги. Подгответе го калапот за мафини и во него ставете хартиени корпички.
Состојките додавајте ги во сад една по една и добро изматете. Брашното ставете го последно. Потоа додадете ги јагодите и полека промешајте.
Со лажицата наполнете ги корпичките и печете околу 20 минути на 180 степени.