среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Чај кој сите го пиеме, а е пропаст за црниот дроб: Поради една состојка може да биде отровен и на овој начин треба да се подготвува

Чај кој сите го пиеме, а е пропаст за црниот дроб: Поради една состојка може да биде отровен и на овој начин треба да се подготвува

Традицијата на пиење чај постои илјадници години. Меѓутоа, и со чаевите треба да бидете внимателни.

Експертите веелат дека посебно треба да водиме сметка кога станува збор за чај од жалфија.

Она што многумина не го знаат е дека жалфијата ја содржи озогласената супстанца тујон, која може да биде токсична ако се внесе во поголеми количини.

Оваа супстанца многупати е испитувана и се покажало дека е невротоксична и дека може да го оштети црниот дроб и нервниот систем – повторно, ако се внесе во поголеми количини.

Значи, нема да ви биде ништо ако пиете шолја чај од жалфија одвреме-навреме, иако некои експерти велат дека чајот од ова растение треба да се користи исклучиво за плакнење на устата, а не за пиење.

Исто така, постојат некои тврдења дека токсичноста на оваа состојка исчезнува ако чајот се вари повеќе од 15 минути, но во тој случај ќе биде многу, многу горчлив.

Освен што ќе ја исплакнете устата со чај, жалфијата можете да ја користите така што со свежи листови од ова растение ќе ги истриете забите и усната шуплина.