вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Често го јадете на диета, а најмногу ДЕБЕЛЕЕ: Овој зеленчук ви е НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ако сакате да ослабнете!

Често го јадете на диета, а најмногу ДЕБЕЛЕЕ: Овој зеленчук ви е НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ако сакате да ослабнете!

Кога држат диета, повеќето луѓе се откажуваат од бело брашно или месни производи.

Сепак, научниците откриле дека има зеленчук и житарки, за кои обично се верува дека помагаат за слабеење, а кои поради некоја причина доведуваат до обратното.

Истражувањето траело 20 години и опфатило над 130.000 луѓе, а научниците се обиделе да ги следат навиките во исхраната на луѓето што ги набљудувале.

Тие со голема сигурност потврдија дека грашокот и компирот се видови на зеленчук кои водат кон дебелеење. Сепак, пченката се покажа како убедливо најлошата храна. Причина за тоа е високиот гликемиски индекс, интензивно зголемување на шеќерот во крвта после конзумирање, што го зголемува чувството на глад.

Далеку од тоа, овие намирници не се здрави, но за време на диетата и кога целта ви е слабеење, не треба да претерувате со нив. Проблемот е што голем број луѓе се потпираат исклучиво на овој зеленчук, бидејќи тие се евтини и имаат убав, пријатен вкус.

Поради тоа се занемарува здравиот лиснат зеленчук, како и храната богата со растителни влакна, како гравот, брокулата и карфиолот. Препорачливо е да ги консумирате овие намирници што почесто, а доколку сакате да ослабете, консумирајте и зеленчук богат со вода, како домати, краставици, тиквички, зелена салата, ротквици…