Храната богата со витамин Е треба да е составен дел од секој оброј, а ова се топ четирите намирници кои изобилуваат со овој витамин.
1. Авокадо
Авокадото содржи бројни нутриенти, меѓу коиима 20 разни витамини и минерали. Содржи мала количина магнезиум, манган, бакар, железо, цинк, фосфор и витамини Е, А, Б1, Б2 и Б3.
2. Маслинки
Маслинките имаат две главни компоненти кои помагаат во намалувањето на брчките и подобрување на здравјето на кожата: витамин Е и олеинска киселина. Витаминот Е е антиоксиданс растворлив во масти и ја штити кожата од оштетувања.
3. Семки од сончоглед
Семките од сончоглед содржат силни антиоксиданси како витаминот Е и селенот. Витаминот Е во семките помага да се одржи добра циркулација на крвта, а придонесува и за производтсво на црвените крвни зрнца.
4. Блитва
Блитвата е ниско калоричен зеленчук со висока содржина на магнезиум, железо, калиум и витамин Е, А, Ц и К.