четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Чоколаден колач кој не дебелее, без брашно и шеќер: Се подготвува многу брзо и едноставно

Чоколаден колач кој не дебелее, без брашно и шеќер: Се подготвува многу брзо и едноставно

Денеска ви претставуваме рецепт за лесен чоколаден колач кој се подготвува многу брзо и едноставно.

Потребни состојки:

– 2 јајца
– 2 банани
– 2 лажички какао
– 10 гр. прашок за пециво
– 70 гр. темно чоколадо
– 30-50 мл. млеко

Начин на подготовка:

Испасирајте ги зрелите банани и во нив додајте ги јајцата, какаото и прашокот за пециво. Ставете ги во блендер или изматете ги со миксер, а потоа ставете ја смесата во плех и печете 25 минути на 180 Целзиусови степени.

Откако колачот ќе се испече, оставете го да се излади на собна температура, а потоа прелијте го со истопеното темно чоколадо во кое ќе додадете малку млеко.