Направената вкусна чорба која брзо и лесно се подготвува.
Состојки:
1 праз
1 поголем карфиол
малку маслиново масло
сол, бибер
Подготовка:
Празот ситно исецкајте го. Во тенџере ставете малку масло, додадете го празот, зачинете и динстајте неколку минути на умерена температура додека не омекне. За тоа време карфиолот добро измијте го и ставете го потоа во тенџерето кога празот целосно ќе спласне на дното, па додадете вода
Покријте го тенџерето, оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете додека карфиолот не омекне.
Состојките со миксер изматете ги додека да ја добиете посакуваната густина.