вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ДАЛИ СТЕ ГО ПРОБАЛЕ ОВА СОВРШЕНСТВО Грчки специјалитет, уникатна пита со сирење, вкусна и крцкава (РЕЦЕПТ)

ДАЛИ СТЕ ГО ПРОБАЛЕ ОВА СОВРШЕНСТВО Грчки специјалитет, уникатна пита со сирење, вкусна и крцкава (РЕЦЕПТ)

Тиропита е традиционално грчко јадење направено без тенки кори за пита, исполнето со фил од неколку видови сирење.

Состојки:

5 јајца
200 гр. брашно
400 гр. Фета сирење
200 гр. едамер или друго тврдо сирење, по желба
1 чаша кисела павлака
1 дцл. масло
1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Во сад лесно изматете ги јајцата, за да бидат како пржени. Додадете фета издробена со вилушка, едамер изрендан на крупно ренде, павлаката, маслото, брашното, прашокот за пециво и измешајте. Тава со дијаметар од 30 см. малку подмачкајте го дното и страните и истурете ја смесата. Се пече на 180 степени околу 45 минути. Печената пита треба да е дебела два прста.