вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ДАЛИ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ БАНАНИ ЗА ДОРУЧЕК? Еве што велат експерите!

ДАЛИ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ БАНАНИ ЗА ДОРУЧЕК? Еве што велат експерите!

Време е за појадок и се трудите да останете здрави, па избравте овошје. Бананите секако се на самиот врв во изборот, бидејќи ја креваат енергијата, заситуваат и се здрави. Благодарение на високата содржина на калиум и магнезиум, бананите се добри за срцето и мускулите, а имаат висок процент на витамин Б6, кој е важен за нашиот нервен и имунолошки систем.

Сепак, експертите велат дека не треба да ги јадеме за појадок. Причината е премногу фруктоза.

Фруктозата, всушност, предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин. По брзиот раст многу брзо паѓа, а резултатот е желба за храна, отежнато концентрирање и замор. Високата содржина на шеќер, исто така, ферментира во телото, што го забавува варењето.

За да се избегне овој негативен ефект, експертите советуваат да јадете банани во комбинација со добри масти. Најдобри добри масти се јогуртот, сирењето, бадемите, путерот од кокос, кокосовото масло, чиа семки, маслото од ленено семе, циметот и куркумата. Само со додавање на масти, телото може да ги подели хранливите состојки на бананите, нивото на инсулин останува ниско и нема желба за храна или замор.