понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ: Eве зошто треба да јадете јаткасти плодови

ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ: Eве зошто треба да јадете јаткасти плодови

Оревите се едни од најздравите плодови и треба почесто да се конзумираат.

Оревите имаат највисоко ниво на антиоксиданси кои на телото му помагаат да се заштити од болести.

Сите плодови со јатка се здрави затоа што имаат одлични хранливи вредности, богати се со незаситени масни киселини, минерали и витамини, но оревите се поздрави од бадемите, лешниците и фстаците.

Ф’стаците се најдоа на првото место на ранг листата поради тоа што се одличен извор на протеини, влакна и здрави маснотии.

Бадемите се познати по својата висока концентрација на витаминот Е, кој е важен за здрава и блескава кожа. Освен тоа, витаминот Е игра важна улога во имунолошкиот систем и го штити организмот од штетните материи. Бадемите содржат магнезиум, калциум и фолат, како и незаситени масни киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.