среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Добри се за мозокот и срцето: Дознајте кои се здравствените придобивки кои ни ги даваат ЦРЕШИТЕ

Добри се за мозокот и срцето: Дознајте кои се здравствените придобивки кои ни ги даваат ЦРЕШИТЕ

Црешите се омилено овошје на многумина, а покрај нивниот сладок вкус, црешите нудат и многу здравствени придобивки. Богати се со растителни влакна, а имаат ниска калорична вредност.

Јадењето цреши, благодарение на нивното високо количество шеќер, ќе ви го зголеми нивото на енергија. Па, нареден пат кога во текот на денот ќе ви се приспие, само земете неколку цреши и веднаш ќе ви биде подобро. Покрај ова, црешите ви овозможуваат добар сон, благодарејќи на мелатонинот кој го содржат. Ако имате проблеми со спиењето, обидете се преку ден да јадете повеќе цреши, но избегнувајте да ги консумирате пред спиење.

Богати се со антиоксиданси, а редовното конзумирање го намалува ризикот од рак и помагаат за здраво стареење. Црешите се богат извор на антицијаниди, кои можат да помогнат да се намали болката или отокот од хронични болести, како и болести на зглобовите и артритис. Ако имате болка од артритис, тогаш почнете да јадете цреши.

Покрај ова, за црешите се вели дека се храна за мозокот, благодарејќи на тоа што се богати со еден вид антиоксиданси, антицијаниди, кои се одлични за мозокот. Покрај другите бенефити од црешите, тие се добри и за вашето срце, го намалуваат ризикот од срцеви болести.