вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Домашен мелен домат за зимница: Нема готвење, а може да стои и две години

Домашен мелен домат за зимница: Нема готвење, а може да стои и две години

Покрај сокот од домати, кој е незаменлив во македонската кујна, во сезоната на овој зеленчук, домаќинките за зимата задолжително прават и зимница од домати.

Секоја има свој рецепт, а ние ви носиме начин на подготовка на мелени домати кои ќе траат до две години.

Состојки:

– 10 кг. домати;
– 5 супени лажици сол;
– кесичка винобран;
– 2 китки магдонос.

Подготовка:

Измијте ги доматите, а потоа плодовите исечкајте ги на крупни парчиња и сомелете ги во мелница за месо. При мелење користете го најкрупното сито, за доматите да не се претворат во сок.

Истурете ги мелените домати во поголемо тенџере, посолете, додадете ги винобранот и листовите од магдонос што сте ги исечкале претходно. Сè добро измешајте со голема дрвена мешалка и оставете да отстои најмалку два часа.

Доматите уште еднаш добро измешајте ги, па истурете ги во тегли или стаклени шишиња со широк отвор, херметички затворете и чувајте ги на ладно место.

Ако сакате зачинет вкус, сомелете неколку лути пиперки заедно со доматите.