Во борбата против вируси, настинки и грип кога ќе ги помешате лимонот, медот, лукот и ѓумбирот добивате напиток кој многу може да ви помогне.
Овој микс многумина го нарекуваат бомба за имунитет, а можете превентивно да го користите за да со зајакнете имунитетот и да го заштитете организмот.
Состојки:
4 чешниња лук
2 лимони
200 грама ѓумбир
300 грама мед
Исчистениот лук изгмечете го. Излупете го едниот лимон и исецкајте го на ситни коцки. Вториот лимон исцедете го додека не добиете сок. Помешајте се заедно. Ситно изрендајте го ѓумбирот и додадете го во садот со лимонот, па ставете го медот и се добро измешајте.
Ставете во тегла и чувајте на студено и темно место. Секое утро може да земете по една лажичка или една лажичка да ја измешате со чаша топла вода и да испиете.